Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска се сретна со претседателот на Домот на пратеници на парламентот на Република Чешка, Јан Хамачек, којшто е во официјална посета на Република Македонија.
Централни теми на средбата беа актуелната состојба во земјава, бегалската криза и продлабочувањето на соработката помеѓу Чешка и Македонија.
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, посочи дека актуелната бегалска криза е заеднички проблем на цела Европа и во таа насока побара поголема помош од Република Чешка.
Претседателот на Домот на пратеници на парламентот на Чешка, Јан Ханачек, рече дека неговата земја е подготвена да и помогне на Република Македонија, финансиски, материјално и ако е потребно да испрати и човечки ресурси за директна помош на македонската полиција.
Во однос на актуелната состојба во земјава заеднички беше оценето дека треба целосно да се имплементираат сите договорени точки за организирање и спроведување слободни, фер и демократски избори на 24-ти април.