Одземен пиштол и рамка со оружје од кичевчанец

Огнено оружје-пиштол и рамка со шест куршуми калибар 6,35 милиметри, вчера пронајдоа и одзедоа полициските службеници од полициската станица Кичево.

Пиштолот сребрена боја и муницијата се пронајдени при преглед врз Ф.Е.(50) од Кичево кој се наоѓал во угостителски објект во центарот на градот и нелегално ги поседувал.

Настанот се случил во 16 часот и 15 минути на улицата „Маршал Тито“ кога Ф.Е. пристигнал во угостителскиот објект. По претходни оперативни сознанија, криминалистичката полиција извршила преглед врз него и ги пронашла пиштолот и рамката со куршуми.

По претходно известување до Основниот јавен обвинител во Гостивар, Ф.Е. е лишен од слобода. Тој е познат на службата како сторител на други кривични дела за што е и затворски осудуван.

Пиштолот и рамката со оружје се одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје по што против Ф.Е. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.