КУД Дримкол од Вевчани денеска во 19 часот во новиот македонски народен театар во Скопје ќе одржи концерт со наслов „Едно видување еден век“.
„Темата се однесува на важноста на човечките меѓусебни пријателски односи во општественото денешно живеење, во ова сурово време, потребата од разговор човек со човека. Истото ќе биде презентирано и од членови актери на патувачкиот театар кој работи во склоп на КУД Дримкол, Вевчани. Во делот на фолклорната презентација ќе бидат застапени песни и ора од јужно и западно играорно подрачје“, вели претседателот на КУД Дримкол, Тошо Чочороски.
Концертот, според Чочороски, е одлична фолклорна приказна за културата, традицијата и за човечката денешна душа загубена во денешното сурово време како и потребата од прифаќањето на човечките вредности.
КУД Дримкол од Вевчани има оставено свој белег во македонската култура и традиција во презентирањето на фолклорното наследство. Со сериозен однос кон културното наследство и негово презентирање надвор од нашите граници последните години овој ансамбл е преставник на Македонија во Лондон, Париз и мн. др светски дестинации негувајќи го нашето историско наследство.