Вчера издадени 4.501 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 06.12.2015 издадени се потврди на вкупно 4.501 странски државјани, од кои 1.966 се од машки пол, 889 се од женски, 1.297 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 349 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-2.121, Ирак-1.642 и Авганистан–738.

Во периодот од 19.06.2015 до 06.12.2015 година до 24:00 часот, издадени се потврди на вкупно 313.656 странски државјани, од кои, 178.063 се од машки пол, 49.881 се од женски, 68.625 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 17.087 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-183.499, потоа Авганистан-75.505, Ирак-33.211, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.317, Конго-514, Алжир-453, Либан-434, Нигерија-279, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 06.12.2015 до Секторот за азил поднесено е едно барање за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на државјанин на Ирак.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 06.12.2015 година до Секторот за азил се поднесени 83 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 55 барања се од државјани на Сирија, со нив се и 23 деца кои го придружуваат родителот, потоа 13 барања од државјани на Авганистан со нив се и 14 деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан и Ирак , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина и Алжир (четири се деца кои го придружуваат родителот) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 06.12.2015 година евидентирани се вкупно дваесет баратели на азил од кои девет мажи, две жени, осум деца со придружба на старател и еден малолетник без придружба. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, 12 баратели на азил (шест малолетни лица со придружба на старател, две малолетни лица без придружба на старател, тројца мажи и една жена ) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.