Со пригодна програма учениците и наставниците од ОУ „Св.Климент Охридски“ вечерва го прославија патрониот празник во пресрет на 8-ми декември, денот на Свети Климент. Свечената прослава се одржа во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.
Пред исполнетата голема сала во која присуствуваа родители, ученици и гости од градот и околината, учениците се претставија во одлично издание.
Химната на училиштето ја изведе хорот и оркестарот на училиштето, под менторство на Виолета Ангелеска. Пред присутните се обрати директорот на училиштето Јордан Пуроски.
Беше изведен рецитал „Свети Климент Охридски“ од ученици од прво одделение. Хорот ја изведе црковната песна „Тебе поем“ под менторство на Мери Крстеска, Лепа Михајлова, Ружица Маноска, Маја Маленко и Виолета Ангелеска.
Учениците од трето одделение изведоа ритмичката точка „Секој“. Следуваше и ритмичката точка „Чоколате“ со ученици од петто одделение, под менторство на Виолета Илиевска, Валентина Кузманоска и Соња Евроска.
Учениците од предметна настава ја изведоа драмата „Ние го снимаме нашиот филм“, чиј автор, сценарист и режисер е Мери Крстеска.
Свеченоста заврши со изведба на хорот со песната „Мојот свет“.
WebOhrid