Почеток на превентивните активности во рамки на кампањата за безбедни новогодишни празници

Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Средното приватно училиште “Јахија Кемал“ и Црвениот крст на град Скопје утре (09.12.) ќе стартува со промотивните активности во рамки на годинашнава кампања – “Среќна и безбедна 2016 година – во семејно и пријателско дружење“, при што истовремено ќе биде одбележан и Денот на превенција на МВР.

Активностите ќе се реализираат со почеток во 12,30 часот во дворот на Средното приватно училиште “Јахија Кемал“ во Карпош.Во активностите, покрај полициски службеници од Одделението за превенција и од ПС ОН Карпош вклучени се припадници на градскиот Црвен Крст и ученици од “Јахија Кемал“, а сето тоа во насока на подигање на свеста на учениците – преку показна вежба за укажување на прва помош за повреди предизвикани од злоупотреба на пиротехнички средства.