Градежната оператива денеска ги постави првите асфалтни метри од локалниот пат од с.Злести до Манастир „Сите Светии” во с.Лешани. На асфалтирањето му претходеше проширување и тампонирање на банкините како и крпење на ударните дупки. Реконструираниот локален пат ќе биде со должина од 1800 метри, со ширина на асфалтен коловоз од 3 метри и банкини од 0,75 метри од двете страни на асфалтниот коловоз, односно вкупната ширина на новиот коловоз ќе биде 4,5 м.
„Градежните активности на патот се одвиваат одлично и се очекува да биде завршен во скоро време.“ –велат од Општината.
Реконструкцијата на локалниот пат од с.Злести до Манастир „Сите Светии” во Лешани, е проект на Општина Дебрца. Поголемиот дел од финансиските средства се обезбедени преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, а дел се од сопствени средства на Општината со вкупна вредност на инвестицијата од 6.691.898,00 денари со вклучен ДДВ.