Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2015 се издадени 326 одобренија за градење што е за 35.3% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5 050 934 илјади денари што е за 52.9% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 187 (57.4%) се наменети за објекти од високоградба, 45 (13.8%) за објекти од нискоградба и 94 (28.8%) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 326 објекти, на 202 (62.0%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 124 (38.0%) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 869 станови, со вкупна корисна површина од 69 474 м2.