Заев:Груевски ја нокаутираше Македонија

Груевски ја нокаутираше Македонија Изјава за медиуми, одговор на новинарски прашања

Зоран Заев, претседател на СДСМ

Медиуми: Имате ли коментар на изјавите на Никола Груевски дека ова е боксерски меч?

Заев: Најверојатно човекот се кае заради тоа што не ја даде оставката, па се претставува како боксер во некој ринг. Во рингот на Никола Груевски од една страна се тој и врхушката на власта, а од другата страна се сите граѓани на Република Македонија. Со сите овие криминални политики во изминатите 10 години, Никола Груевски ја нокаутираше Македонија.

Нокаутот на Македонија го гледаме по сите овие повеќе од 600 илјади граѓани коишто ја напуштија државата. Повеќе од 500 илјади граѓани коишто живеат под прагот на сиромaштијата, повеќе од една третина од фирмите се со блокирани сметки, повеќе од 10 илјади фирми се затворени во државата. Нокаутот на Никола Груевски го гледаме со сиромаштија на секој чекор, урнисана економија.

Медиуми: Има ли СДСМ одговор на наталожените проблеми?

Заев: Покрај тоа што ја споделивме вистината за Македонија, на 13-ти Социјалдемократскиот сојуз после дебата за платформата ја усвојува својата Програма. Програма којашто се работи од 1-ви март, до ден денеска, заедно со граѓаните, со граѓанските организации, со сите заинтересирани. Направивме еден прекрасен документ во којшто гарантираме подобра, посреќна, економски попросперитетна Република Македонија.

Ги препорачувам овие документи до граѓаните. Тоа што тоа е нашиот збор, тоа е нашето ветување, тоа е иднината, тоа е визијата на Македонија. Ќе имаат прилика сите да ги осознаат идните чекори коишто ќе се случуваат во нашата Македонија после 24-ти април кога ќе замине оваа злокобна власт.

Извор: www.sdsm.org.mk