На 19-ти декември (сабота) со почеток во 20:00 часот ќе се одржи третото издание на „Природба“, на која ќе бидат изложени производи од македонски уметници и дизајнери.
Сите производи воедно ќе бидат и со продажен карактер. Изложбата ќе се одржи во кафе галерија Concept 37.
„Природба“ соединува уметници со различен карактер, инспирирани и потикнати од природата. Во најголем дел и експонатите се изработени од природни или рециклирани материјали.
Учесници во „Природба“ се: Марта Мојсова со Spin, Илина Арсова, Глигор Кузмановски, Мелина Танчева Цветаноска и Мики Цветаноски со Текаше Doppio M Ruki Chuki, Рафаиловска Марија со Knitten Designs Канео 2012 Fabrika 13 LaSoy, Елена Ристовска Mila Iv MiZa Popcorn Skate Co.
Вечерта присутните ќе ги забавува DJ Ulterior.