Еврејските гробишта во Битола ќе се преуредат во Меморијален парк

Со симболичното засадување дрвца на Еврејските гробишта од Битола, започна проектот за уредување на Меморијален парк на Евреите од Монастир. Првите дрвца ги засадија израелскиот амбасадор Дан Оријан, министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, министерот Џери Наумоф, битолскиот градоначалник Владимир Талески и други гости. Со реализацијата на овој прокет се очекува оваа локација во иднина да прерасне во едно од најатрактивните споменици на културата во градот на конзулите и да привлечат многу постетители од Иразел.

„Со овој парк сите ние ќе дадеме придонес во заштитата на историското наследство на еврејската заедница која опстојувала во оваа околина повеќе од пет века. Меморијалниот парк ќе биде еден вид трајно сеќавање на македонските Евреи кои со своите сограѓани Македонци, Албанци, Турци , Власи,Роми со векови заеднички живееле. Меморијалниот парк ќе биде паметник за нивното историско траење, за нивниот влог во градењето на соживотот“ – изјави министерката Канческа Милевска.

Таа додаде дека Израел е голем пријател и поддржувач на Македонија. Во изминатите две децении од областа на културата биле реализирани многубројни прокети кои овозможиле запознавање на двете култури и промоција на културните вредности. Во тој контекст, ја спомена иградабата на Музејот на Холокаустот во Скопје, како искрен придонес на Македонија во негувањето на споменот, историјата и културата на еврејскиот народ.

„Потпишан е и меморандум за соработка меѓу Фондот на Холокаустот на Евреите во Македонија, општина Штип и Министерството за култура кој предвидува да се изгради патна инстраструктура до Еврејските гробишта во Штип и наскоро ќе бидат комплено реставрирани и конзервирани во функција на промоција на културното и искориско наследство на еврејскиот народ“– додаде министерката.

Иницијатори на проектот за Меморијален парк на Евреите во Битола беа Ираелската амбасада, општина Битола и здружението АРХАМ.

„Во Битола имаме специјални гости уметникот со светско реноме Мати Грунберг, кој работел на албумите на Џон Ленон, неговата сопруга, како и брачниот пар Голдшмит познати во светот продуценти кои добија задача од израелското Министерство за надворшени работи да снимаат документарен филм за нашата приказна која почнува со овие гробишта, а ќе има иднина преку соработките“- изјави Мирјана Герас Дочовска, проектен координатор.

Bitola_640