Собранието на денешната седница со 102 гласови „за“, без воздржани и без гласови „против“, ги изгласа членовите на Државната изборна комисија.
За претседател на комисијата е избран Александар Чичаковски, а за потпретседател – Реџеп Прекопуца, и двајцата од редовите на експертите.
Членови на комисијата се и Атанас Урумов, исто така, од редот на експертите, Силвана Бонева и Сашо Срцев на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, Виолета Дума и Игор Милев на предлог на СДСМ, Субхи Јакупи од ДУИ и Бедередин Ибраими на предлог на ДПА.
Извор: meta.mk