Во организација на општинскиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, утре, четврток, ќе се одржи манифестацијата „Чекориме за безбеден сообраќај“. Настанот ќе започне во со почеток во 12 часот и 15 минути од пред детската градинка „Јасна Ристеска“.
Во рамките на манифестацијата „Чекориме за безбеден сообраќај“, предвидени се следниве активности:
– 12.20 дефиле на учесниците (деца од градинките, ученици од основните и средните училишта, советници и други претставници на локалната самоуправа, Црвен крст-Охрид, територијалната противпожарна единица, авто-школите, пензионери, лица со посебни потреби, велосипедисти) од градинката до општината на ул. „Димитар Влахов“, по „Кузман Јосифоски Питу“ на пресек со „Партизанска“ кон домот на културата „Григор Прличев“.
– 12.30 пригодна програма во Центарот за кулура „Григор Прличев“.
Со проектот „Чекориме за безбеден сообраќај“, ќе се заокружат активностите на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на град Охрид за 2015 година.