Љубителите на добрата музика и креативниот хумор на 25-ти декември, петок, ќе имаат неповторлива можност да уживаат во предновогодишната „Зимска бајка“, која ќе се случи во Центарот за култура „Григор Прличев”-Охрид, кој за оваа прилика специјално ќе биде празнично декориран од „Импакт груп“.
Најдобрата предновогодишна забава ќе биде зачинета со магијата на безвременските македонски евергрини во изведба на Емилија Маринова – вокал и пијано, Јован Куциноски – вокал, Горан Папаз – саксофон, Филип Стојковски Зизи – тапани, Јане Тодороски – бас и Јован Бочвароски – гитара. За атмосферата да биде на потребното ниво ќе се погрижи најдобриот македонски стендап комичар Никола Тодороски кој ќе се претстави со нов материјал екслузивно подготвен за оваа прилика. Двочасовното претпразнично уживање ќе биде надополнето со визуелни ефекти, бајковито декорирана сцена и гледалиште, топол амбиент и беспрекорен звук на „Labino Sound“.
Влезниците за концерот на годината во Охрид со најдоброто од македонската музика за сите генерации и стендап шоуто на Никола Тодороски, се веќе пуштени во продажба во „Топ Тобако“ градски плоштад, „Топ маркет“ – Чинар, трафика „Фибос“, мјузик шоп „Зи Зи Топ“ и Центар за култура „Григор Прличев“ по цена од 250 денари во предпродажба, а на денот на настанот влезниците ќе чинат 300 денари.
Организаторите подготвуваат и специјални изненадувања за посетителите. Местата се ограничени, затоа навреме резервирајте си седиште за најубавата „Зимска бајка“!