Форумот на жени на СДСМ Охрид – дел од хуманитарната акција „Дарувај од срце”

Форумот на жени на СДСМ Охрид беше дел од големата традиционална хуманитарна акција „Дарувај од срце” која по повод Новогодишните и Божиќните празници ја организира Форумот на жени на СДСМ во соработка со Црвениот крст во сите поголеми градови во државата. Топла облека, покривки и обувки се донираа во Црвениот крст од каде ќе се дистрибуираат до социјално загрозените семејства.

„Секоја година даруваме со желба за добробит и благосостојба на поединецот во општеството, а секоја наредна година се соочуваме со истата сурова реалност: се поголем број на граѓани отфрлени од системот на државата, оставени на маргините во сопствената борба за гола егзистенција. Убедени сме дека годината што доаѓа ќе биде година на промени, центарот на вниманието на новата власт ќе биде поединецот, неговата благосостојба, неотуѓивоста на основните човекови слободи и права и неприкосновеноста на човечкото достоинство и интегритет.

Искрено веруваме дека даровите подарени од срце го наоѓаат патот до оние за кои се наменети.“- вели координаторката на Форумот на жени на СДСМ ОО Охрид,  Живка Ангелоска.

Од Форумот упатувааат благодарност до нашите сограѓани кои учествувале во оваа хуманитарна акција докажувајќи дека хуманоста е таа која ги зближува луѓето.

sl sl2 sl3