Запленети девизи, икони, техничка стока, додатоци на исхраната, фунгициди, инсектициди и фалсификати

Mинатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани девизи, икони, нови и употeрбувани технички производи и алати, облека, додатоци на исхраната, парфеми, креми, фунгициди, инсектициди и фалсификати.

Покрај тоа откриен е и еден обид за влез на илегални патници во државата.

Задржана е следната стока:

Девизи

– 2.000 евра, откриени при личен претрес на македонски државјанин, кој управувајќи автомобил со македонски регистарски таблички, се пријавил за излез од државата на граничниот премин Деве Баир. Во преден џеб од панталоните на возачот се пронајдени 4.000 евра, за кои не поседувал документ за потекло. Согласно законските прописи, на возачот му се вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, а за сторениот прекршок ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Икони

– 2икони, едната со ликот на Св.Архангел, изработена од стакло-витраж, а другата со ликот на Богородица, изработена од метал и дрво, откриени при контрола на патничко комбе со руски регистарски таблички, управувано од руски државјанин. Возилото пристигнало на граничниот премин Богородица – влез во дравата. Иконите, завиткани во заштитна фолија и хартија, се пронајдени во багажникот на возилото. Двете икони, чија вредност е проценета на околу 100 илјади денари се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

Техничка стока и алат

– 1 нов циркулар марка GADH 254P, откриен при контрола на бугарско патничко комбе, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Циркуларот, пронајден на третиот ред седишта, покриен со лични работи и кеси со подароци, е привремено задржан, а против возачот е поведена соодветна постапка.

– 1 употребуван електричен инструмент за нивелирање на површини, марка HILTI PR16, со приемник на инфрацрвени зраци HILTIРА350, магнетна картаHILTI PA331 и статив HILTIPA931, откриени при контрола на автомобил со бугарски регистарски таблички, управуван од бугарски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Деве Баир. Непријавените производи, пронајдени во пластичен куфер, во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

– 3 употребувани миксети (Europower PMX3000, Mackie CFX16 Mixer иYamaha), откриени при контрола на автомобил со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Блаце. Миксетите, пронајдени во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Останато

– 276 женски панталони од памук, откриени при контрола на текстилни производи наменети за увозник од Кочани, пријавени за увоз за облагородување на царинската испостава Штип. Непријавените производи се привремено задржани, а против увозникот е поведена прекршочна постапка.

– 6,25 кг (25 опаковки од 250 грама) фунгицид Trianum P и 1 килограм (2 опаковки од 500 грама) инсектицид Bactospeine WG, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Дојран. Непријавените производи се пронајдени во просторот за алат во багажникот на возилото, во преградата под потпирачот за рака меѓу предните седишта, во фиоката за документи и во џеб од јакна сместена на задното седиште на возилото. Пронајдените фунгициди и инсектициди се привремено задржани а против возачот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

– 2,5 литри гел – додаток при исхраната LR-ALOE VERA-Honey, LR-MIND MASTER и LR ALOE VERA-Sivera, 120 капсули додаток на исхраната LR PROBIOTIC 12, 15 машки парфеми LR CLASSICS и LR BRUCE WILLIS од по 50 ml, 240 капсули за имунитет LR SUPER OMEGA 3 ACTIV, 4 пасти за заби LR MICRO SILVER PLUS од 75 ml и 4 креми за раце LRALOEVERA-specialcare од 100 ml, откриени при контрола на автомобил со македонски регистераски таблички, со кој за влез во државата на граничниот премин Деве Баир, се пријавила македонска државјанка. Непријавените производи, пронајдени во патна торба во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против патничката е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектулна сопственост

– 1.248 детски играчки со ознаки на заштитени трговски марки, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на стока со потекло од Кина, наменета за увозник од Скопје, пријавена за увозно царинење на царинската испостава Скопје 4. Пазарната вредност на сомнителните производи е проценета на околу 560 илјади денари, доколку би се продавале како оригинали.
Играчките се привремено задржани заради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост и согласно законските прописи, Царинската управа ќе започне постапка за утврдување на нивната оригиналност.

Мигранти

На железничката станица во Гевгелија, царинските службеници спречија обид за нелегален влез на 21 патник во државата. Илегалните мигранти, кои немале документи за идентификација и не се знае од кои држави потекнуваат, биле пронајдени во последниот вагон од товарен воз со празни вагони, пријавен за влез во државата. Случајот е предаден на полициската служба на железничката станица за понатамошна постапка.