Рано утрово, календарски започнува зимата, поточно во 5 часот и 48 минути. Истиот ден на северната полутопка ќе биде најкраток за 2015 година, а на јужната полутопка пак, ќе биде најдолгиот ден и воедно прв летен ден, бидејќи таму започнува летото.
Во Македонија, првиот зимски ден ќе трае само 9 часа и 7 минути. Ноќта пак (22.12-23.12), ќе биде најдолга за 2015 година и ќе трае цели 14 часа и 53 минути. Веќе од средата (23.12), денот ќе почне да се зголемува за 2-3 минути дневно, се до 22 јуни 2016 година, кога ќе биде најдолг.
Зимата на северната полутопка е најкратко годишно време и трае околу 88 дена, 2-3 дена пократко од другите годишни времиња.
Зимата ќе заврши на 20-ти март 2016 година.