Започна асфалтирањето на улицата „Сирма Војвода“ во должина од 250 метри и ширина од шест метри или повеќе од 1 500 квадратни метри.
Асфалтирањето го реализира ГП „Сењак“ од Киево а наредниве денови се очекува да биде изграден и тротоарот од едната улична страна.
Со асфалтирањето на оваа улица се решава горлив проблем на граѓаните што живеат и транзитираат на овој потег а кои децении наназад минуваа низ кал и прав.
Реализацијата на ова изборно ветување на градоначалникот Никола Бакрачески се изведува во рамките на Годишната програма за работа на Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици при општина Охрид и во рамките на активностите за асфалтирање на пристапни патишта и тесни улички на територијата на Охрид.