Заев: Ова е последен 24 декември за власта на Никола Груевски

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денес во изјава за медиумите истакна:

„Почитувани граѓани,

Ја враќаме слободата во Република Македонија!

Ова е незапирлив процес! Ова повеќе никој не може да го спречи.

Во Република Македонија ќе одлучува САМО слободната волја на граѓаните И НИКОЈ ДРУГ ВО НИВНО ИМЕ!

Република Македонија ќе биде земја со слобода на говор, слобода на мисла, слобода на избор, слобода на одлучување.

Овој Парламент ќе биде повторно храм на демократијата!

Да, денешниот датум, 24 декември ќе остане во историската меморија на Македонија како ден кога власта на Никола Груевски брутално ја погази парламентарната демократија во Република Македонија.

Прекршија Устав и закони. Ја искористија полицијата за да ги штити. Исфрлија новинари и пратеници од собраниската сала. Зад затворени врати тесната група околу Груевски го раскрчми Буџетот НА ГРАЃАНИТЕ.

Тоа што го направија Груевски и неговите соработници тогаш, се обидуваат да го прават и сега. Затвораат врати за грѓанскиот сектор. Бркаат новинари од Анкетната комисија, каде треба да се соочат со вистината.

Напразно се мачи Груевски.

Граѓаните паметат и ќе паметат дека Никола Груевски и неговата насилна и расипничка власт се осмели да ги исфрла од Народниот дом.

Спора, но тешка е раката на правдата.

Таа правда ќе ја стигне братучедско-кумската власт и ќе биде поука, никој повеќе да не се осмели да чепне по правата на граѓаните.

Граѓаните на Македонија, Социјалдемократскиот сојуз и здружената опозиција го ставаат и Груевски во историската меморија на Македонија.

Ова е последен 24 декември за власта на Никола Груевски.“– истакна Заев.

Извор:sdsm.org.mk