За две недели откупени над 5.000 тони тутун, просечна цена 185 денари

Само две недели од почетокот на откупот на тутунот, деветте откупувачи заклучно со 23. Декември, откупија вкупно 5.168 тони тутун од годинашната реколта. Просечна откупна цена инесува 185 денари по килограм што за 65 денари повеќе од ланската откупна цена за истиот период.

Според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство исплатата е реализирана со 54,21% или за родот од 2015 година, досега се исплатени 518.498.348 денари.

Откупот се врши на вкупно 186 ваги на 152 откупни места, а динамиката тече без проблем и според договорите меѓу тутунопроизводителите и откупувачите.

Според првичните проценки, се очекува да бидат откупени околу 25.000 тони тутун.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, пред откупот, достави писмено известување до откупните компании за преземање на одредени мерки кои ќе помогнат за поуспешен откуп на тутунот од родот во оваа година.