Претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили на Армијата на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска, во пресрет на новогодишните и божиќните празници, ги прими членовите на Здружението „Бранители – херои на Македонија”.
За време на средбата, претседателот Иванов, изрази длабока почит кон семејствата на загинатите бранители, притоа додавајќи дека останува нашата обврската овој спомен да го чуваме, негуваме и да се сеќаваме на нивните херојски дела. Воедно, македонскиот претседател на членовите на здружението, им ги честиташе претстојните новогодишни и божиќни празници. Членовите на Здружението „Бранители – херои на Македонија”, изразија благодарност за поддршката од страна претседателот Иванов, и задоволство од континуираните средби