Во рамки на предновогодишната програма која ја организира Општина Охрид, денес на градскиот плоштад пред бројната публика настапија учениците од ОУ „Братство Единство“ со културно – уметничка програма.
Новогодишната програма во Охрид ќе започне утре точно напладне со познат охридски дј кој на сцената ќе биде до 20 часот.
Од 20.30 до 21.10 часот охриѓани ќе уживаат низ староградските песни на охридскиот ансамбл – „Билјана Јуниор“.
Познатата македонска група „Компас бенд“ ќе настапи од 21.10 до 21.50 а од 21.50 до 22.30 ќе настапи младата охридска музичка ѕвезда Боби Мојсовски.
Од 22.30 до 23.15 часот за забавата ќе биде задолжена музичката ѕвезда Викторија Лоба.
Кулминацијата на новогодишната атмосфера ќе биде достигната со настапот на македонската дива Калиопи. Старите и нови хитови како и многу други песни , Калиопи и публиката ќе ги пеат во период од 23:15 до 01. 00 часот по полноќ.
Новогодишната ноќ ќе биде „зачинета“ со спектакуларен огномет.