Вчера издадeни 1.667 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 30.12.2015 издадени се потврди на вкупно 1.667 странски државјани, од кои 688 се од машки пол, 343 се од женски, 624 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 12 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-786, Авганистан–411 и Ирак-470.

Во периодот од 19.06.2015 до 30.12.2015 година до 24:00 часот, издадени се потврди на вкупно 384.481 странски државјани, од кои, 207.398 се од машки пол, 65.076 се од женски, 93.892 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 18.115 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-214.266 потоа Авганистан-94.912, Ирак-53.862, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.317, Конго-514, Алжир-453, Либан-434, Нигерија-279, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 30.12.2015 до Секторот за азил поднесени се две барање за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на државјани на Палестина.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 30.12.2015 година до Секторот за азил се поднесени 86 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 56 барања се од државјани на Сирија, со нив се и 23 деца кои го придружуваат родителот, потоа 13 барања од државјани на Авганистан со нив се и 14 деца кои го придружуваат родителот, четиери барања се од државјани на Палестина, три барања од државјани од Пакистан и Ирак , по две барања од државјани од Мароко, Либан и Алжир (четири се деца кои го придружуваат родителот) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 30.12.2015 година евидентирани се вкупно 26 баратели од кои 16 мажи, две жени и осум деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, осум баратели на азил ( два мажи, една жена, три малолетни лица со придружба на старател и две малолетни лица без придружба на старател ) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.