Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во новогодишното видео обраќање упатува честитки до сите граѓани на Република Македонија.
„Почитувани граѓани,
Погледнете, Безброј дланки се цврсто стегнати,Тоа се нашите дланки – Заедно сме!
Отворете ги срцата и почувствувајте – Нашиот копнеж се остварува! Тоа е нашиот заеднички копнеж.
Доаѓа слободата! Незапирлива е нашата волја!Незапирлива е нашата одлучност! Никој повеќе не може да се испречи на промените што почнаа!
Знаете ли зошто почитувани граѓани? Затоа што, ова повеќе не е само желба. Затоа што, ова повеќе не е само надеж. Ова е одлука во душата на секој од нас. И ова е заедничка одлука.
Незапирлива е одлуката да си го вратиме животот.Незапирлива е одлуката да си ги задржиме децата дома.
Незапирлива е одлуката да живееме заедно, да бидеме еднакви, да бидеме спокојни.
Нема повеќе крпен живот! Ќе ги спуштат главите оние кои повредуваа, крадеа, лажеа и ќе вратат се што одзедоа!
Се сеќавате, побаравме светлина кога влеговме во 2015 година. Вистината во 2015 ни го осветли патот.
По вистината, секогаш доаѓа правдата. 2016 година ќе биде година на правдата.
Ќе можеш да ја добиеш во правични институции. Ќе живееш во правично општетство.
Затоа што, на правични избори ќе одлучиме праведно, за себе, за своите деца, за иднината на нашата заедничка држава. Заедно ќе го направиме тоа.
Погледнете во стегнатите дланки на безброј луѓе чии копнеж се остварува. Ако твојата дланка сеуште не е таму – Јас ти подавам рака! Дојди! Приклучи се! Создаваме сегашност за сите! Иднина за сите! Отвораме шанса за сите!
Почитувани граѓани, Во мое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија од срце ви ја честитам Новата, Слободна, 2016 година!“- стои во честитката.