За три недели откупени над 7.640 тони тутун по просечна цена од 186 денари по килограм

По три недели од почетокот на откупот на тутунот деветте откупувачи заклучно со 31. Декември 2015 година, откупија вкупно 7.640.930 килограми тутун од годинашната реколта. Просечната откупна цена изнесува 186 денари по килограм, што е речиси 70 денари повеќе од ланската просечна откупна цена (117 денари).

Според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство исплатата е реализирана со 70,34% или за родот од 2015 година досега се исплатени 1.000.197.043 денари.

Откупот се врши на вкупно 186 ваги на 152 откупни места, а динамиката тече без проблем и според договорите меѓу тутунопроизводителите и откупувачите.