Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денеска најави зголемување за пет отсто на социјалната помош.
„Зголемувањето ќе биде со исплатата во јули 2016 година. Досега откако сме во Владата имаме зголемување за околу 62 отсто на социјалната помош зголемувајќи ја секоја година постепено. Со исплатата во јули 2016 зголемувањето ќе надмине над 65 отсто,“ рече премиерот Груевски, кој денеска присуствуваше на почетокот на градежните работи на нов фекален колектор во Ново Лисиче.