Света литургија за Рождество Христово – Божиќ

По повод Рождество Христово – Божиќ, на 7ми јануари (четврток) ќе се служи света архиерејска златоустова литургија во црквата „Свети Ѓоргија“, Охрид со почеток во  8:45 часот.

Света  златоустова литургија ќе има во сите парохиски цркви во Охрид, со почеток во 8:30 часот.

Во Плаошкиот манастир „Свети Климент и Пантелејмон“ нема да има богослужба тој ден.