Родениот ден на Спасителот и Заштитникот на најмладите, го прославија и му се израдуваа и дечињата од Дебарско-кичевската Епархија, кои беа топло пречекани од Дедо Владика.
Имено, на 7ми јануари во просториите на Дебарско-кичевската епархија, Митрополитот Тимотеј приреди прием за свештенството од нашата Епархија, а најмногу се израдуваа дечињата, кои со радост му го честитаа Божик на Митрополитот Тимотеј, а Дедо Владика им подари пакетчиња, возвраќајќи им на радосниот поздрав: Христос се роди!