Света литургија за празникот Обрезание на Господ Исус Христос и Св.Василиј Велики

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 14 јануари 2016 година (четврток), во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“, Плаошник, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Обрезание на Господ Исус Христос и свети Василиј Велики“, со почеток во 8:45 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Богослужби ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.