Најдобрата македонска репрезентација ќе одигра пријателски натпревар против Бугарија на 29 март на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје. Натпреварот ќе биде седми пријателски меѓу двете селекции. Македонија има две победи, последната во 2013 година кога со головите на Ибраими и Трајковски славевме со 2:0.
На првиот пријателски дуел во Кочани во 1994 година беше 0:0, во Софија 1996 година загубивме со 3:0, на Градски стадион во Скопје во 1996 година беше 1:0 за Македонија, 2001 и 2006 година во Софија и Скопје, Бугарија победи со 1:0.
На 23 март селекцијата предводена од Игор Ангеловски ќе гостува во Копер на контролен дуел против Словенија.