Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во изјава за медиумите истакна:
„Како што знаете 2015 ја потрошивме вистината да излезе на површина и да допре до граѓаните.
Оваа 2016-та ќе биде година на правдата, година кога ќе се врати правдата во Република Македонија, но, и година на вистинските вредности.
Година во којашто ќе зборуваме за економија, кога ќе има економски натпревар, кадешто граѓаните ќе имаат претстава и слика што е важно за сите нас, за тоа како ќе се димензионираат економските текови во Република Македонија со промената на власта што треба да се случи на наредните парламентарни избори.“– рече Заев.
Одговор на новинарско прашање:
Медиуми: Како ја коментирате одлуката за одложување на рочиштето за март?
Заев: Тоа е логично, затоа што материјалите од судот не се предадени на СЈО и ќе мора тие постојано да доаѓаат до судот и да ги гледаат доказите за делот од Пуч. Јас ја имав таа прилика уште во јавното обвинителството кога беа доказите, заради нивната обемност, посебно заради делот којшто беше доставен од нас и логично е дека треба дополнително време за да се направи увид со постојано доаѓање на доказите во судот, а останатиот дел го оставам како потреба на самото СЈО.