Македонија со пораз го започна Европското првенство во ракомет, кое се игра во Полска.
Македонската репрезентација одлично го започна натпреварот, со водство и гол-гол игра, но и со многу пресврти, за на крајот на полувреме резултатот да биде изедначен 12-12.
Второто полувреме Франција го започна офанзивно, а нашата репрезентација даваше отпор и во неколку наврати успеваше да го изедначи резултатот. Но, пред самиот крај следуваше серија од три гола по ред за Франција, предност која веќе нашата репрезентација не можеше да ја анулира. До крајот Франција го зголеми водството и успеа да забележи победа од 30-23.
Утре е слободен ден за нашата репрезентација. Наредниот натпревар Македонија ќе го игра во недела (17 јануари) против домаќинот Полска со почеток во 20:30 часот.
WebOhrid