Македонија забележа уште еден пораз на Европското првенство во ракомет, овој пат од домаќинот Полска со резултат 23-24.
Овој натпревар започна добро за нашата репрезентација која за момент водеше со 6-2, но следуваше намалување на резултатот за на полувреме да се замине со резултат 13-11 за Македонија.
Во второто полувреме Полска успеа да изедначи на 15-15, и да направи пресврт при следниот напад. Македонија изедначи на 16-16, и повторно успеа да дојде во водство, но само за кратко. Полска изедначи на 17-17, поведе, а потоа и ние изедначувавме на 18-18. Од тој момент па се до крајот Полска го одржуваше водството. Последниот напад го имавме ние, но немавме доволно време и среќа, па не успеавме да го изедначиме резултатот со што Полска со 24-23 го доби овој натпревар.
Следниот натпревар Македонија го игра во вторник (19 јануари) против репрезентацијата на Србија, со почеток во 18:15 часот.
WebOhrid