Продолжува реализацијата на проектот Waternet со градот Воден од Грција

Денес во Охрид се одржа „Вториот координативен состанок“ на проектот WATERNET, кој се реализира преку ИПА програмата за прекугранична соработка со соседна Грција. Целта на денешниот состанок е да се направи пресек на досегашните активности,помеѓу партнерите општина Охрид, општина Воден, Техничкиот Институт Александар од Солун и ФТУ од Охрид.

Waternet_180120164853

Градоначалникот Бакрачески истакна дека реализацијата на проектот се одвива според предвидената динамика, а денешната средба со својот колега, Димитриос Гиану, градоначалникот на Воден, ќе биде искористена да се разгледаат можностите за соработка на повеќе полиња. Во таа насока градовите Охрид и Воден, разгледуваат повеќе солуции за заеднички настап во ИПА програмите на Европската Унија. Освен тоа, добрите односи со Воден, ќе се продлабочуваат и преку соработка во културата, образованието и спортот.Се очекува утре на Богојавление да бидат присутни повеќе гости од грчкиот град партнер.

Waternet_180120164851