Македонија 27-27 Србија

Македонската ракометна репрезентација одигра мошне цврст и изедначен натпревар против репрезентацијата на Србија. Овој меч беше одлучувачки за обете репрезентации за понатамошното учество на Европското првенство.

Натпреварот беше неизвесен уште од самиот почеток. И покрај предноста за Македонија од 2 голови непосредно пред полувремето, Србија успеа да изедначи и на полувреме да замине со нерешен резултат 13-13.

И во второто полувреме продолжи рамноправната и цврста битка. И Србија и Македонија доаѓаа во водство со по еден гол разлика, а Србија го имаше водството и шансата да победи во финишот на натпреварот, но со голот на Манасков во последната секунда Македонија успеа да изедначи на 27-27.

По овој поволен резултат, Македонија е на третото место во Групата А со 1 бод, исто колку Србија, но со подобра гол-разлика. Со тоа, Македонија го продолжува натпреварувањето во следната фаза од Европското првенство во Полска.

Следниот натпревар Македонија ќе го игра против Хрватска во четврток (21 јануари) со почеток во 20:30 часот.

WebOhrid