Отслужена литургија во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ за Водици

По повод големиот празник Богојавление – Водици, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско, Охрид беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноаначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Никола Христоски, свештениците Димче Азески и Ѓорѓи Блажевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески.

По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Голем Богојавленски водосвет, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон мноштвото верни со пригодна беседа.

По завршувањето на Литургијата, свечената литија, предводена од Митрополитот Тимотеј, се упати кон водите на Охридското Езеро, каде што истите беа осветени, а според долгата традиција, во осветените води беше фрлен и светиот Крст. Оваа година, со Божји благослов, Крстот го фати Петар Рупески од Охрид, кој од страна на Митрополитот Тимотеј беше даруван со златен Крст и ланче.

Митрополитот Тимотеј ги освети и водите на Црн Дрим во Струга, каде што Крстот го фати Дарко Паскоски од Струга.