ВМРО-ДПМНЕ: СДС Охрид поради поразот на изборите е загубена во простор, време и текст

Во врска со соопштението од СДСМ Охрид, реакција испрати ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, во која стои:

„Почитувани, Дефинитивно СДС веќе докажува дека го загубила правецот и не знае каде се движи и што зборува. Класично неразбирање на содржина на текст, без никаква интелигенција што и не е за чудење. Да се реагира на веќе реализирани проекти е нелогично, апсурдно, бесмислено дури и смешно.

Почитувани, За да го сфатите образованието и ефектите од образованието треба прво да се потсетите како функционираше образовниот систем пред да дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт во Охрид. Ако имате амнезија тогаш погледнете што се случува овие четири месеци повторно со образованието.

Едно е јасно дека се сеќаваме на катастрофална инфраструктура.

Не ние е воопшто тешко ќе Ви повториме уште еднаш па може вториот пат ќе сфатите што е поентата.

Изминатиов период  се работеше на подобрување на инфраструктурата во  четирите средни училишта во градов. Санитарните јазли беа реновирани таму каде што имаше проект. Нови кровови се поставени во двата објекти на ОУ „Кочо Рацин“ и ОУ „Живко Чинго“ во Велгошти. Нов лик доби и ОУ „Братство – Единство“. Во ОУ „Ванчо Николески“ во с. Лескоец  се изгради и опреми училишна библиотека, а се промени и училишниот под. Во село Ливоишта  го отворивме основното училиште „Ванчо Николески“. Отворивме детски градинки во посебни просторни услови во Велгошти, Лескоец, Пештани и  во рамки на ОУ „Кочо Рацин“.

Во ОУ „Григор Приличев“ се изврши реконструкција на кровната конструкција, а во двете згради се постави вентилиран кров со термоизолација, громобранска инсталација и нови олуци. Се опреми кабинетот по биологија, се изврши промена на ламинат во дел од училиштето, како и замена на оштетени прозорци.

Дали од СДС знаете дека со правосилна одлука на Апелациониот суд, донесена на 10.4.2012 година, ОУ „Григор Прличев“ по основ на нерешени имотно-правни односи беше блокирано за износ од околу 8 и пол милиони денари? А до 2013 тој долг на Училиштето стигна околу 12 милиони денари?

Очигледно ништо не знаете!

Во ОУ „Кочо Рацин“ во Лакочереј, се изврши санација на санитарните јазли, дренажен систем и поставување столарија.

Почитувани с`е ова е ветено и направено а нас н`е радува тоа што ученициците, родителите и наставниците се задоволни од условите.

На 15-ти октомври охриѓани нема да дозволат СДС да го уништи Охрид и ќе изберат работа, конкретни проекти и мерки кои ги нуди советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и идниот градоначалник Д-р Митко Тилевски.“ – стои во реакцијата од ВМРО–ДПМНЕ OK Охрид.