Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 18.01.2016 година, издадени се потврди на вкупно 1988 странски државјани, од кои 802 се од машки пол, 441 се од женски, 745 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.269, Авганистан–435 и Ирак-284.
Инаку од почетокот на годинава заклучно со вчерашниот ден издадени се потврди на вкупно 33.617 странски државјани, од кои 14.153 се од машки пол, 7.231 се од женски и 12.132 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 101 дете кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-16.481, Авганистан-10.953 и Ирак-6.180.
Во тој период до Секторот за азил поднесени се пет барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на шест малолетни лица од кои пет од Авганистан и едно од Сирија.