Бугарска државјанка крадела во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

СВР-Скопје, Единицата за имотни деликти и малолетничка деликвенција до надлежното ОЈО со кривична пријава го предаде лицето С.И.М.(53) од Плевен, Република Бугарија поради основано сомнение дека извршила две кривични дела “кражба“ (џебна) предвидено и казниво по чл.235 од КЗ на РМ, за што од страна на судија на претходна постапка одредена и е мерка забрана за влез во Република Македонија во времетраење од пет години.

Кривичните дела горепријавената ги извршила во минатиот и во овој месец на подрачје на општина Центар, односно во Клиничкиот центар “Мајка Терезa“.

Првото кривично дело го извршила на 17-ти минатиот месец околу пладне во чекалната на ЈЗУ Институт за трансфузиологија, на тој начин што ја искористила гужвата и невниманието на оштетената и со протнување на раката во ташната која оштетената ја носела во левата рака успеала да и го украде паричникот со пари, кредитни картички и други лични документи.

Второто кривично дело го извршила на 12 овој месец околу пладне на шалтерот во амбулантата за дијабетис, на тој начин што искористувајќи ја гужвата и невниманието на оштетената која чекала пред шалтерот и со протнување на раката во ташната која ја носела на рамо, успеала да и го украде паричникот со пари и лични документи.

По извршувањето на второто кривичното дело пријавената била забележана од страна на ПС при што истата е лишена од слобода и приведена во просториите на ПС ОН Центар, каде е обавен разговор со истата и документирано и расветлено е и првото кривично дело.