Пожар на ул. „АРМ“ во Охрид

Вчера околу 08.43 часот во Територијална протипожарна единица – Охрид, било пријавено дека во нас. „Бараки“ во Охрид, на ул. „АРМ“ во барака сопственост на Ѓ.В. (76), настанал пожар.

Причина за настанување на пожарот најверојатно е самозапалување на оџакот, при што бил опожарен таванот и покривната конструкција.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Охрид. Пожарот е локализиран од екипа на ТППЕ-Охрид, а повредени лица нема. Материјалната штета дополнително ќе биде утврдена.