АППТ ја зајакнува позицијата на Македонија на холандскиот туристички пазар

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на саемот за туризам во Утрехт, Холандија кој се одржа од 13-17 Јануари, ги промовира убавините на Македонија по 6ти пат.

Холандскиот пазар, кој важи за еден од попробиените туристички пазари, покажува огромен интерес за македонската култура, историја и природа, во конкуренција со 500 дестинации од светот.

Туи и Корендон, најголемите тур-оператори кои носат холандски туристи во Македонија покажаа оптимизам за претстојната туристичка сезона, потенцирајќи ги неповолните гео-политички случувања во одредени делови од светот. Неодамна, откако белгискиот “Томас Кук”беше во Македонија и склучи договори со македонските хотелиери, “Томас Кук”- Холандија е следниот голем тур оператор од холандскиот пазар кој најавува влез во Македонија.

„Големо признание до Република Македонија како привлечна туристичка дестинацијае најавата на“ANVR”-здружението на тур оператори на Холандија за одржување на овогодинешниот конгрес на најуспешните студенти по туризам од сите факултети и школи за туризам во Холандија. Конгресот секоја година се одржува во дестинација која е по избор на холандските туристички агенции и е оценета како најпривлечна.За време на конгресот кој ке се одржи од 21-28 мај 2016 година во Охрид, холандските студенти ќе имаа прилика да разменат искуства и да се дружат со своите македонски колеги. Овој настан кој е во организација на најголемиот светски туроператор TUI, ќе ја најави годинешнава туристичка сезона на голема врата во Холандија” -изјави Игор Попов, Амбасадор на Република Македонија во Холандија.

За време на саемот дискутирано е со дел од балканските земји за можното заедничко претставување на трети далечни пазари со идеа да може да се привлече поголем број на туристи од тие земји.

За време на овој глобален настан АППТ оствари состанок со гуруто на блогерската индустрија -Shane Dallas, кој е познат по неописливо брзото виртуелно вивнување работејќи на социјалните медиуми, блогот http://www.thetravelcamel.com/.

На штандот на Македонија за време на саемот во Холандија својата туристичка програма ја претставија македонските хотелиери и тур оператори “Ohrid holidays” и “Bohemia”и истите очекуваат успешна туристичка сезона.