Алфите фатиле крадец во обид да изврши тешка кражба

СВР-Скопје, Единицата за имотни деликти до надлежното ОЈО со кривична пријава го предаде лицето О.А.(21) од Кавадарци со привремен престој во Скопје, поради основано сомнение дека извршил девет кривични дела и тоа ,,тешка кражба“ предвидено и казниво по член 236 од КЗ на РМ и осум ,,тешки кражби во обид“ предвидени и казниви по чл. 236/19 од КЗ на РМ, за што од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор од 8 (осум) дена. Кривичните дела пријавениот ги извршил во временскиот период од 27.08. до 27.12. минатата година, во раните утрински часови на подрачје на Аеродром при што се здобил со противправна имотна корист од околу 46.000 денари. На 27.12.2015 година околу 04:00 часот пријавениот О.А. на бул. „Јане Сандански“ поточно во ТЦ „13-ти Ноември“ во канцеларија на туристичка агенција извршил кривично дело тешка кражба во обид, на тој начин што дошол на наведената адреса и со употреба на хебла делувал помеѓу крилото и рамката на влезната врата, но од страна на полициски службеници од ЕПОИ „Алфа“ истиот бил забележан и спречен во намерата и приведен во ПС ОН Аеродром.

Во полициска станица извршен е разговор со сега пријавениот, во кој истиот го објаснил начинот на кој го извршил кривично дело, при што појаснил дека од 27.08.2015 до 27.12.2015 година, на истиот начин има извршено голем број и на други кривични. Од О.А. одземени се хебла со кои ги извршувал кривичните дела, како и други предмети (лап-топ, фотоапарат) кои ги имал одземено при вршењето на кривичните дела, и истите се вратени на сопствениците.

Инаку О.А. е познат сторител на кривични дела од областа на имотните деликти за што од страна на СВР Скопје во временскиот период од 2009 до 2015 година поднесени му се 41 кривична пријава, во Гостивар-10 кривични пријави и во Струга и во Охрид по една привична пријава.