Владата и наложи на СОЗР да ја поништи набавката на стилски мебел

Владата не е информирана и не побарала мебел и опрема какви што се наведени во јавната набавка објавена од страна на Службата за општи и заеднички работи која е предмет на актуелен интерес во медиумите.

Спецификацијата за јавната набавка е направена од Службата за општи и заеднички работи, без да се консултира Владата.

Владата нема потреба од мебел каков што е наведен во спецификацијата и не се согласува со спецификацијата на јавната набавка.

Владата и наложи на Службата за општи и заеднички работи да ја поништи јавната набавка.