Во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија (МВР на РМ) се одржа состанок меѓу Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и Шефот на Канцеларијата на ОН во Белград (UNOB) и воедно Специјален претставник на Генералниот секретар на Обединетите нации, Симона-Мирела Микулеску.
Министерот за внатрешни работи и Шефот на Канцеларијата на ОН во Белград и Специјален преставник на Генералниот секретар на Обединетите нации на ОН имаа можност да разговараат и да разменат информации согласно мандатот на Симона-Мирела Микулеску во однос на политичкиот развој на настаните во земјата односно регионот и околу намерите и можностите на Република Македонија односно МВР за идното можно зголемување на придонесот во мировните операции на ОН.
Притоа, позитивно беше оценет придонесот на РМ во рамките на ОН, а во контекст на зачувување на мирот во светот од страна на Министерот г. Спасовски беше потенцирана нашата јасна определба за насочување на сите расположливи капацитети согласно нашите можности, за идно можно учество во мировните операции на ОН.
Двајцата соговорници ја искористија можноста да ги разменат своите ставови во однос на актуелниот предизвик олицетворен во тнр. бегалска криза и околу начините за нејзино решавањ, како и за одржување на политичката стабилност и доследно суштинско почитување на Договорот од Пржино со цел враќање на довербата на граѓаните кон институциите.