Управниот одбор на ФФМ ја констатираше оставката на Скендеровски

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница ја констатираше оставката на селекторот на А футсал репрезентацијата на Македонија.

„Причините за повлекувањето на досегашниот предводник Васко Скендеровски се од лична природа и поради презафатеност со повеќе професионални ангажмани.“ – информираат од ФФМ.

Исто така, Управниот одбор на ФФМ го закажа редовното Генерално собрание на 5 март 2016 година во Скопје.

WebOhrid