Македонската ракометна репрезентација претрпе пораз од Белорусија со резултат 29-30 на Европското првенство во Полска.
Првото полувреме и припадна на Белорусија која речиси водеше во текот на целото полувреме, со исклучок кога во два наврати водеше нашата репрезентација. На полувреме Македонија губеше со резултат 13-14.
Второто полувреме започна со серија од 4 голови за Белорусија, па следуваше и разлика од дури +6 голови и резултат од 14-20. Македонија не само што ја намали таа предност туку успеа и да изедначи на 27-27. Но, во финишот од натпреварот Македонија не ги искористи своите шанси, а Белорусија беше ефикасна и успеа да победи со резултат 29-30.
Со овој натпревар завршуваат настапите на Македонија, која ова Европско првенство го заврши на 11 место.
WebOhrid