Се гради кружен тек на пресекот од „Туристичка“ и „Абаз Емин“

Во тек се активностите за изградба на кружната крстосница на пресекот на булевар „Туристичка“ со ул. „Абаз Емин“.

Во завршна фаза е изградбата на новата атмосферска канлизација за одводнување на кружниот тек како и поставување на подземни инсталации од страна на заинтресираните економски оператори. Истовремено, јавните претпријатија „Нискоградба“ и „Проаква“ ќе обезбедат приклучоци за новата водоводна, атмосферска и фекална канализација.

Дијаметарот на централниот круг на оваа кружна крстосница е 14 метри,а во самиот кружен тек ќе има две сообраајни ленти со широчина од 5 метри.

Изведувач на градежните активности е градежната фирма „ИВ-Стил Градба“ од Охрид. Проектот се реализира со средства од Буџетот на Општина Охрид и неговата вредност е 3.428.800.

Наредниов период се очекува да започнат и активностите за изградба на кружната крстосница на прескот на булевар „Туристичка“ со ул.„Јане Сандански“ со што ќе се заокружат градежните активности на Локалната самоуправа во оваа насока.

kruzen_tek_pazar_400