Градоначалникот Бакрачески се сретна со претставници од Маниса, Турција

Градоначалникот Бакрачески, денес оствари средба со Селим Шардан,советник во локалната самоуправа во градот Маниса и советник за култура на градоначалникот Омер Фарук Челик. На средбата гостинот од Турција, ја истакна желбата за поблиска соработка на Маниса со Охрид и продлабочување на соработката со збратимениот град Скопје и надградување на пријателските врски со Македонија.

Градоначалникот Бакрачески ја истакна подготвеноста на Охрид, да оствари плодна соработка во областа на културата, спортот и подготвеноста за инвестиции на бизнисмените од Маниса. Советникот Шардан во име на градоначалникот Челик, упати покана до Бакрачески да го посети Маниса за време на априлскиот фестивал, кој е на на листата на УНЕСКО како светско културно наследство.

Во Маниса голем дел од граѓаните водат потекло од Македонија, посебно од Реканскиот крај.

Manisa_Turcija_4851