Приватниот сектор очекува раст на гостите од Турција

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија ја претставува Македонија на 20-тото издание на саемот за туризам ЕМИТТ во Истанбул, Турција (28-31 Јануари 2016година).

На саемот каде 71 држава од светот ќе го престави својот туристички потенцијал се наоѓа и македонска делегација која како и сите изминати години, така и оваа, со дизајнот на штандот прилагоден за интересот на Турците привлече огромен број на посетители уште првиот ден.

Акцент на саемот во Турција се стави на посетата на г-дин Недрет Апајдин, провинциски Директор на Истанбул во Министерството за култура и туризам на Република Турција и неговите пофални зборови за соработката на овие две земји и потенцијалот за продлабочување на истата.

Конструктивни средби на кои се разгледуваше можноста за соработка се остварија со тур-операторите Анитур и Татилстил, но и со претставници на ТАВ аеродромите и туристичките организации на Црна Гора, Србија и Турција.

Зголемувањето на бројот на ноќи е право пропорционален со растот на бројот на туристи од Турција и за разлика од минатата година е покачен за над 40%.Приватниот сектор на Турција очекува годинава зголемен интерес за Македонија, а со тоа и бројот на туристи од Турција да доживее драстичен пораст.

На саемот за туризам во Турција преставници од туристичкиот приватен сектор на Македонија се Бадем Турс, Фибула, Генерал Турист, Вардар Експрес, Бохемиа и Енџој Балкас, но и хотелите Изгрев и Буши.