Охрид: Жестока, но пристојна дебата за изборите

Пред полна сала високи претставници на општина Охрид, членови на Советот, раководители на јавни претпријатија и подрачни единици на државните институции, активисти на политичките партии, медиуми и граѓанки и граѓани на Охрид, ЦИВИЛ го претстави проектот „Слободни избори за слободни граѓанки и граѓани“.

На Средбата со граѓанките и граѓаните на тема „Сите за слободни избори“, се поведе дебата за политичката криза и за условите за одржување избори во Република Македонија. Иако на моменти жестока и антагонизирана, дебатата беше пристојна и протече во демократски дух.de

Редакцијата ЦИВИЛ Медиа го документираше овој настан кој беше богат со содржини и информации, за што ќе подготви детални извештаи во текот на наредните денови.